December 15, 2024 | | Македонија
После разочарувачкиот старт на сезоната, управата на прволигашот Беса 1976 реши да донесе промени и официјално го назначи искусниот Бобан Бабунски за нов тренер на првиот тим. Целта на овој потег е јасна – да се подобрат резултатите во пролетниот дел од сезоната и тимот да се врати на победничките патеки. Беса го заврши есенскиот дел од првенството на десеттото место, што не е на висината на амбициите на клубот. Сега, со Бабунски на кормилото, се очекува тимот да се активира и да се вклучи во битката за повисоки позиции на табелата. Неговото богато тренерско искуство и познавањето на македонскиот фудбал ќе бидат клучни во обидот да се поправи играта и да се врати самодовербата во редовите на Беса. „Со задоволство соопштуваме дека се договоривме со добро познато име и нов тренер на тимот ќе биде искусниот Бобан Бабунски. Веруваме дека со него ќе добиеме позитивен дух и нова енергија која ќе ни помогне да ги оствариме посакуваните резултати сезонава“, се вели во објавата од Беса 1976.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |