December 15, 2024 | | Свет
Манчестер Сити се соочува со најголемата резултатска криза откако Пеп Гвардиола го презеде кормилото на клубот во 2016 година. Во последните 10 натпревари, „граѓаните“ забележаа само една победа, додека се изборат со седум порази и две реми. Оваа серија на лоши резултати ги стави во тежок период, а денес на домашен терен ги чека големото градско дерби против Манчестер јунајтед. Но, освен што се обидува да го стабилизира тимот и да го врати во форма, Пеп Гвардиола откри нешто и за своето здравје пред натпреварот. На прашањето за многуте гребаници на неговото лице и глава, шпанскиот стратег ги објасни причините за нивното појавување. Гвардиола призна дека се соочува со здравствен проблем кој го мачи веќе неколку години. „Имам проблеми со кожата веќе подолго време. За тоа морам да пијам антихистаминци веќе две-три години. Точно е дека со ноктите си направив гребаница на носот, но останатите проблеми се од кожата“, изјави Гвардиола. Антихистаминците се супстанции кои помагаат во ослободување или дејство на биогениот амин хистамин во телото, а често се користат за лекување на алергии и други слични здравствени проблеми.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |