June 14, 2024 | | Свет
Борусија Дортмунд го најде новиот тренер и од тоа од асистенскиот тим на клубот. Станува збор за Нури Сахин кој порано беше и важен фудбалер на Дортмунд. Тој го наследува Еден Терзиќ кој во заеднички договор со Дортмунд реши да замине од клубот. „За мене е голема чест да бидам тренер на Борусија Дортмунд. Сакам да им се заблагодарам на сите во клубот што ме избраа мене. Се радувам на мојата работа во клубот. Од првиот ден ќе дадеме се од себе и ќе ја вложиме целата наша енергија и страст за да постигнеме максимален успех“, рече Нури Сахин. Тој настапи на 274 натпревари за Дортмунд каде постигна 26 гола и 49 асистенции. Ја освои лигата со Дортмунд во 2011, а го освои и Купот на Германија. Играше и во Анталијаспор, Вердер Бремен, Фејнорд, Ливерпул, Реал Мадрид како и во вториот тим на Дортмунд.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |