Аморим го објави составот со Сити и потврди: Рашфорд може да замине уште во јануари!

December 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Аморим го објави составот со Сити и потврди: Рашфорд може да замине уште во јануари!

Со почеток од 17:30 часот ќе се одигра манчестерското дерби помеѓу Сити и Јунајтед. Иако во криза, сепак „граѓаните“ се фаворити во овој дуел, а на еден час пред натпреварот и двата тренера ги објавија составите. Во редовите на Сити ќе настапат: Едерсон, Вокер, Диаз, Гвардиол, Гундоган, Силва, Доку, Де Брујне, Фоден, Нунес и Халанд. Она што може да се забележи кај составот на Аморим е дека воопшто во составот ги нема ниту Гарначо ниту Рашфорд. За Јунајтед ќе настапат: Онана, Мартинез, Мегваер, Де Лихт, Мазрауи, Угарте, Фернандеш, Дало, Маунт, Диало и Хојлунд. Со денешниот состав се потврдува информацијата дека уште во јануари Рашфорд може да замине од Јунајтед, а ваквата вест беше потврдена и од новинарот Флоријан Плетенберг.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.