Ау, каков пресврт на Манчестер Јунајтед против очајниот Сити! (ВИДЕО)

December 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ау, каков пресврт на Манчестер Јунајтед против очајниот Сити! (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед дојде до победа на неверојатен начин против градскиот ривал Сити. Иако се чинеше дека домаќините ја имаа контролата врз натпреварот, во рок од неколку минути ја прокоцкаа предноста. Резултатот го отвори Гвардиол во 36. минута со прекрасен удар со глава. Во вториот дел како одминуваа минутите Манчестер Јунајтед го подигаше темпото на игра каде најпрво Диало имаше шанса, а потоа и Фернандеш кој промаши шанса еден на еден со Едерсон. Потоа, во 88. минута очајна грешка на Матеуш Нунеш кој му ја поклони топката на Амад Диало кој изнуди пенал од кој Бруно беше сигурен. Две минути подоцна Лисандро Мартинез испрати одлична долга топка до Диало кој одлично ја прифати, го заобиколи Едерсон и успеа да ја смести во мрежата. Овој натпревар ја продолжи агонијата на Сити, а може и тоа како да го подигне Јунајтед.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.