December 16, 2024 | | Свет
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд, не ја пропушти шансата да се пошегува со капитенот на Манчестер Сити, Кајл Вокер, по завршувањето на дербито на „Етихад“. Двајцата фудбалери се закачија на теренот малку пред полувремето, при што разменија неколку реплики и се најдоа во „клинч“ со главите. Вокер, како и многу пати претходно, театрално падна на теренот, обидувајќи се да ги измами судиите, по што судијата ги предупреди со жолти картони. По завршувањето на натпреварот, Хојлунд ја искористи својата креативност и хумор за да се потсмева со Вокер, пишувајќи на својот Инстаграм: „Манчестер е црвен, цвеќето е сино, каква брилијантна претстава, но ‘оскарот’ оди кај…“. Ова им се допадна на навивачите на Манчестер Јунајтед, кои уживаа во победата на својот тим и во големиот пресврт.
Hojlund cooked Walker 😭 pic.twitter.com/mSsOdWXByt
— Troll Football (@TrollFootball) December 15, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |