Анри: Артета треба да промени едно нешто за да се бори со Ливерпул за ПЛ!

December 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Анри: Артета треба да промени едно нешто за да се бори со Ливерпул за ПЛ!

Тјери Анри, кој во последно време дава експертски анализи за натпреварите во Лигата на шампиони, оваа недела гостуваше во студиото на „Sky Sports“, каде што се осврна на актуелната битка за титулата во Премиер лигата. Французинот изрази големо изненадување поради слабата форма на тимот на Пеп Гвардиола, но главно се фокусираше на два тима кои се во игра за титулата – Арсенал и Ливерпул. Анри истакна дека овие два клуба имаат фаворитски статус за освојување на шампионската титула, додека Челси, иако се наоѓа помеѓу нив на табелата, не се смета за сериозен кандидат во моментов. Според експертите, тимот на Енцо Мареска не се очекува да го одржи темпото од последните пет натпревари. Анри, исто така, се обиде да објасни зошто тимот на Арне Слот, кој игра со изненадувачки добар стил, се смета за подобар од Арсенал на Микел Артета во оваа фаза на сезоната. „Арсенал треба да промени многу работи за да стигне до титулата во Премиер лигата. Прашањето кое го поставувате е добро. Што треба да се направи за да се „победи“ во Премиер лигата. Кога го гледам Ливерпул, гледам тим кој додава гас на педалот и кој се обидува да победи без оглед на ривалот кој го има на спротивната страна, додека останатите тимови излегуваат на теренот со цел да не загубат. Тоа прави огромна разлика, ако сакате да ја освоите Премиер лигата, мора да ја грабнете истата и да победувате. Од друга страна, кога го гледате Арсенал, во моментов гледате тим кој постигнува голови само од прекини. Го победивме Манчестер Јунајтед, но не креиравме речиси ништо од игра. Станаа многу предвидливи. Не велам дека е лошо да се биде добар од прекини, тоа е извонредно, но Арсенал мора да се врати на своите основи. Мора да почне да игра фудбал и да не биде толку предвидлив. Како пример ќе го дадам и фактот што топката секогаш завршува кај Сака кога соиграчите се во проблеми. Сите овие работи се многу предвидливи за противниците во овој момент“, вели Анри.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.