December 17, 2024 | | Свет
Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги додели престижните признанија за најдобрите фудбалери на светот за 2024 година на церемонијата „Д Бест“. Покрај индивидуалните награди, ФИФА ја објави и листата на најдобрите фудбалери на годината, составувајќи го идеалниот тим за претходните 12 месеци.
Во идеалниот тим на ФИФА, на голманската позиција се најде Емилијано Мартинез, кој со Аргентина ја освои Копа Америка и со своите одбрани стана клучен играч на меѓународната сцена. Во дефанзивата се истакнуваат Вилијам Салиба, Луис Диас, Антонио Рудигер и Дани Карвахал.
Средниот ред го сочинуваат двајца искусни и талентирани фудбалери, Родри и Тони Крос, заедно со младата ѕвезда Џуд Белингем, кој продолжи да блеска во дресот на Реал Мадрид. Напаѓачкото трио е составено од Винисиус Жуниор, Ерлинг Халанд и Ламин Јамал.
Овој состав го отсликува најдоброто од фудбалскиот свет во последните 12 месеци и покажува кои фудбалери беа највлијателни во своите тимови и на меѓународната сцена.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |