Рашфорд: Спремен сум да заминам во потрага по нов предизвик

December 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Рашфорд: Спремен сум да заминам во потрага по нов предизвик

Маркус Рашфорд ги подгреа шпекулациите дека би можел да го промени клубот веќе во јануари, откако 27-годишниот голгетер јавно проговори за своите планови за иднината, потврдувајќи дека сериозно размислува за нов предизвик во својата кариера. Изјавата на Рашфорд доаѓа по бројните медиумски шпекулации кои тврдат дека напаѓачот може да биде ставен на трансфер-листа во зимскиот преоден рок. Рашфорд не успеа да го воодушеви новиот тренер, Рубен Аморим, што може да значи дека неговото заминување од клубот е неизбежно. Како резултат на тоа, се очекува дека Рашфорд ќе ја напушти екипата за да се отвори простор во буџетот за нови засилувања. „За мене лично, мислам дека сум подготвен за нов предизвик, за нови чекори во кариерата. Едно треба сите да знаат, кога ќе си заминам, никој нема да се лути, никогаш нема да слушнете од мене да кажам лош збор за Манчестер Јунајтед. Тоа кажува каков човек сум јас… Знам дека ситуацијата не е добра и јас не планирам да ја влошувам. Видов како некои играчи си заминуваа во минатото, но јас нема да го сторам тоа на таков начин“, изјави Рашфорд. Тој даде коментар и за последниот натпревар со Манчестер Сити на кој тој воопшто не беше повикан. „Секако дека беше разочарувачки да бидам изоставен за дербито, но тоа е што е, ја победивме таа средба и треба да продолжиме напред… Низ годините научив како да се носам со ваквите ситуации, можам да седам и да плачам, но јас повеќе сакам да работам и следниот пат да бидам во тимот“, објасни тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.