Шпанците тврдат: Чави преговара за да стане тренер на Милан!

December 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Шпанците тврдат: Чави преговара за да стане тренер на Милан!

Челниците на Милан, иако јавно го поддржуваат тренерот Пауло Фонсека, не можат да ја игнорираат растечката резултатска криза и лошите настапи на тимот во Серија А. Во светло на ова, започнати се сериозни размислувања за можно заменување на Португалецот, а клубот ги разгледува опциите за нов тренер. Шпанскиот медиум „El Nacional“ објави вистинска „бомба“, објавувајќи дека Чави Хернандез е во напредни преговори со Милан за преземање на клупата во блиска иднина. Според информациите, Шпанецот е отворен да го преземе Милан и ќе се обиде да го врати тимот на победничките патеки, по серијата разочарувачки резултати. Пауло Фонсека е во многу деликатна ситуација, особено по последното реми без голови против Џенова, кое дополнително го зголеми притисокот врз него. Иако тренерот неколку пати успеа да се извлече од слични ситуации на почетокот на сезоната, сега се чини дека времето за Фонсека е се поблиску да истече. Ако резултатите не се подобрат, неговото место на клупата може да биде во сериозна опасност.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.