December 19, 2024 | | Свет
Нејмар и натаму го држи рекордот за највисок трансфер во историјата на фудбалот. Во 2017 година, францускиот гигант Пари Сен Жермен го ангажираше за неверојатни 222 милиони евра, според клаузулата во неговиот договор.
На 3 август 2017 година, Барселона официјално ја потврди трансакцијата, откривајќи дека адвокатите на Нејмар ја исплатиле сумата на сметката на клубот. Интересен момент во оваа трансакција е фактот што уплатата не била направена од името на ПСЖ, туку од Националната банка на Катар, што ја открива поврзаноста помеѓу клубот и арапските инвеститори.
По неколку години игра во ПСЖ, денес Нејмар е член на саудискиот клуб Ал Хилал, каде што заработува импресивни 120 милиони евра годишно. Сепак, иако го зголеми својот приход, неговата фудбалска кариера е бележена со серија повреди, поради кои неговото присуство на теренот е значително намалено.
Се остава впечаток дека Бразилецот никогаш до крај не го исполни својот неверојатен потенцијал, токму поради начинот на живот и честите повреди.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |