Гатузо демонстрира авторитет: Двајца фудбалери исфрлени од тренингот на Хајдук

December 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гатузо демонстрира авторитет: Двајца фудбалери исфрлени од тренингот на Хајдук

Хајдук се подготвува за гостувањето против Шибеник оваа недела, но денешниот тренинг на хрватскиот великан од "Пољуд" беше одбележан со инцидент кој ја привлече вниманието на сите. Тренерот Џенаро Гатузо, познат по својот темперамент, ги исфрлил двајцата интернационалци, Леон Дајаку и Јасин Бенраху, од денешниот тренинг, бидејќи бил незадоволен од нивниот став и ангажман на теренот. Неофицијални извори пренесуваат дека оваа одлука на Гатузо е само последен потег во низата незадоволства што италијанскиот стратег ги има со овие двајца играчи. Иако се работи за талентирани фудбалери, нивното однесување и недоволен труд на теренот наводно ги довеле до крајот на нивната кариера на "Пољуд". Оваа ситуација не треба да изненади, бидејќи двојката не е позната по своето учтиво однесување, а и не добија многу прилики за игра во последниот период. Гатузо се очекува да даде дополнителни објаснувања за инцидентот на прес-конференцијата во петок, кога ќе ја презентира подготовката на тимот пред патувањето во Шибеник. Сепак, денешниот инцидент најверојатно нема да донесе мир во клубот, кој веќе има своја динамика на проблеми. Хајдук, кој минатата недела ги разочара своите навивачи со нерешениот резултат против Риека (2:2) на домашен терен, пропушти можност да се приближи до врвот на табелата. Сега, со само едно гостување до зимската пауза, против Шибеник, кој се смета за послаб тим во лигата, секоја победа ќе биде клучна за амбициите на тимот во пресрет на вториот дел од сезоната.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.