Гигантски гест на голем клуб: Јуве го вработи фудбалерот во пензија по битката со туморот

December 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гигантски гест на голем клуб: Јуве го вработи фудбалерот во пензија по битката со туморот

Симоне Мураторе, поранешниот фудбалер на Јувентус, неодамна се нашол во центарот на вниманието кога морал да го прекине своето фудбалско патување поради тешката битка со ракот. Сепак, благодарение на поддршката од Јувентус, Мураторе ќе продолжи да биде дел од фудбалскиот свет, иако не можел повеќе да игра професионално. Мураторе дебитираше во дресот на „старата дама“ пред пет години, а неговиот настап во Лигата на шампионите остави посебен печат. Но, неговиот живот се променил драстично кога му биле дијагностицирани сериозни здравствени проблеми. После долгата и исцрпувачка битка, во која морал да ги учи основните животни функции од почеток, Симоне излегол како победник, но неговата кариера како професионален фудбалер беше неизбежно завршена. „Поминаа денови, недели, месеци, години на страдање. Морав повторно да научам како да зборувам правилно, да одам, да трчам, да пишувам, да читам и да бројам. Беше како повторно да станав дете и требаше да почнам одново. Пробав сè и ми требаа солзи и пот за да се вратам, но не бев како порано, сфатив дека имав среќа да играм со извонредни играчи, шампиони, на теренот, но пред се надвор од теренот“, изјави Мураторе. Тој и понатаму ќе биде дел од фудбалскиот свет бидејќи Јувентус реши да го вработи како нов технички соработник на младинскиот тим.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.