Новинарите удрија по Аморим поради Рашфорд, тој е дециден: Не направив грешка!

December 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Новинарите удрија по Аморим поради Рашфорд, тој е дециден: Не направив грешка!

Рубен Аморим изрази уверување дека не погрешил кога го изоставил Маркус Рашфорд од составот за пресметката против Тотенхем во Лига купот и додаде дека напаѓачот може да се врати во тимот на Манчестер Јунајтед. Втор натпревар по ред, Англичанецот не доби повик за настап на натпреварот кој заврши со пораз за „ѓаволите“ од 4-3. Оваа одлука доведе до шпекулации дека може да има конфликт помеѓу Рашфорд и Аморим, но тренерот го негираше тоа. „Не направив грешка со оваа одлука. Јас секогаш ги носам одлуките со цел да го ставам тимот на прво место. Сметам дека ова беше во интерес на тимот и не го сметам за погрешен потег“, изјави Португалецот, оправдувајќи ја својата селекција. Тренерот исто така потврди дека Маркус Рашфорд има иднина во Манчестер Јунајтед. „Секако дека има иднина тука. Тој е играч на Манчестер Јунајтед“, рече Аморим. На прашањето за понатамошната селекција на тимот, Португалецот нагласи: „Утре ќе имаме тренинг, и Рашфорд ќе биде дел од него. Тој ќе се подготвува за следниот натпревар и ќе видите каква одлука ќе донесам“, додаде тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.