Иван Јуриќ ќе биде новиот тренер на најлошиот клуб во ПЛ!

December 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Иван Јуриќ ќе биде новиот тренер на најлошиот клуб во ПЛ!

Хрватскиот тренер Иван Јуриќ е на прагот да потпише договор со англискиот клуб Саутемптон, пишуваат бројни италијански и британски медиуми. Јуриќ, кој остана без ангажман откако го напушти кормилото на Рома, треба да го замени Расел Мартин, кој беше отпуштен по катастрофалниот пораз од Тотенхем (0-5). Саутемптон, кој оваа сезона се врати во Премиер лигата, се наоѓа во тешка ситуација, бидејќи моментално е последен на табелата со само пет бодови, што го става во сериозна опасност од испаѓање. Хрватскиот стратег го напушти Рома на 10 ноември по серија разочарувачки резултати. За време на краткиот престој во тимот на „волчицата“, кој траеше само два месеци, Јуриќ оствари четири победи, три нерешени и пет порази во сите натпреварувања.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.