Нов удар за Пеп: Рубен Диаз ќе отсуствува неколку недели

December 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Нов удар за Пеп: Рубен Диаз ќе отсуствува неколку недели

Нов удар за Манчестер Сити и за тренерот Пеп Гвардиола не престануваат. Во критичниот период од годината, тимот се наоѓа во сериозна криза, и тоа не само играчка, туку и резултатска. Сити не успева да освојува бодови, а притисокот врз менаџерот расте сé повеќе. Ситуацијата се влошува и со зголемувањето на повредите. Последниот играч кој се приклучи на листата на повредени е Рубен Диаз, кој ќе биде отсутен од терените неколку недели. Ова ќе го натера Гвардиола да бара ново решение во дефанзивата, бидејќи веќе има проблеми со повредени играчи како Аканџи, Аке и Родри. На теренот, Сити не знае за победа на последните три натпревари, што ги вклучува и дуелите во Првенството и во Купот. Следен тест за тимот ќе биде натпреварот против Астон Вила, кој ќе се одигра утре на гостински терен.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.