Големиот талент на Барса: Ги наполнив гаќите кога првпат го видов Флик

December 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Големиот талент на Барса: Ги наполнив гаќите кога првпат го видов Флик

Марк Касадо е најпријатното изненадување во стартниот тим на Барселона од почетокот на сезоната. Младиот играч за врска, кој доаѓа од Ла Масија, доби голема доверба од тренерот Ханси Флик, што се покажа како клучно за неговото брзо напредување. И покрај враќањето на клучни стартери како Де Јонг и Гави, Касадо успеа да го задржи своето место во тимот, искористувајќи ја шансата која му се укажа на почетокот на сезоната, кога Флик не можеше да смета на нив. За своите први искуства со тренерот Флик, Касадо открива дека на почетокот чувствувал страв од германскиот стратег. Меѓутоа, тој брзо сфатил дека Флик е извонреден тренер кој може да донесе само позитивни работи за Барселона. „Ги наполнив гаќите кога првпат го видов Флик. Имавме и тензични моменти со него како тим од стартот на сезоната, имаше моменти кога беше навистина лут на нас. Сепак, преовладуваат добрите ситуации кои ги имаме со новио тренер. Тој е фантастичен стручњак и извонредно се справува со соблекувалната. Имавме многу добри отколку лоши моменти и се надеваме дека така ќе остане“, изјави Касадо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.