December 21, 2024 | | Свет
Фудбалерите на Реал Мадрид го освоија Интерконтиненталниот куп на ФИФА во средата, откако во финалето што се одигра во Лусаил во Катар, ја совладаа мексиканската Пачука со убедливи 3-0. Оваа победа им донесе нов трофеј, а капитенот Лука Модриќ го подигна пехарот по последните 20 минути од натпреварот. Веднаш по натпреварот, на социјалните мрежи стана вирално видео од соблекувалната на Реал. Во видеото, Килијан Мбапе, воодушевен од успехот на Модриќ, изјавува: „Па, има повеќе трофеи отколку јас години!“, што ги насмеа неговите соиграчи. Модриќ оваа сезона има одиграно 25 натпревари и собирано 1111 минути на теренот. Со оваа победа, тој го освои својот 28. трофеј во дресот на Реал Мадрид, што го прави најтрофејниот фудбалер во историјата на клубот. Во 122 години долгата историја на Реал, ниту еден друг фудбалер не успеал да освои повеќе трофеи. Втор на оваа листа е Дани Карвахал, кој има еден трофеј помалку, а по него следуваат Марсело и Карим Бензема со по 25 трофеи. Начо, кој го напушти клубот летово, има два помалку од Модриќ.
Kylian Mbappé finding out Modrić has more Real Madrid trophies than he has yeaes. 😂 pic.twitter.com/6kIuB3VC1k
— TC (@totalcristiano) December 20, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |