Анчелоти: Заврши периодот на адаптирање на Мбапе !

December 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти: Заврши периодот на адаптирање на Мбапе !

Карло Анчелоти, по освоениот Интерконтинентален Куп, додаде уште една престижна титула во својата импресивна тренерска кариера, станувајќи најуспешен тренер во историјата на Реал Мадрид. За Италијанецот, оваа година не е завршена, бидејќи неговиот тим се подготвува за важен дерби натпревар против Севилја на домашен терен. Реал Мадрид се враќа на „Сантијаго Бернабеу“ по некое време и ќе има голем императив – освојување на трите бода против Севиља, за да ја заврши годината со победа. Анчелоти нагласи дека целта е јасна: да се заврши оваа календарска година со успех. Тренерот се осврна и на формата на Килијан Мбапе, кој последните неколку натпревари ја покажа својата подобрена верзија. Анчелоти истакна дека периодот на адаптација за Мбапе е завршен и дека сега Французинот е целосно подготвен. „Заврши периодот за адаптација на Мбапе. Тој се опорави од повредата и сега игра со голема страст за Реал. Игра со максимален мотив и мислам дека може да се подобри уште многу“, изјави Анчелоти, додавајќи дека иако му беше потребно време да се прилагоди, сега тој е во одлична форма и подготвен за нови предизвици.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.