Реал се спрема за ѕвездено засилување: Тргнува по Ван Дајк?!

December 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал се спрема за ѕвездено засилување: Тргнува по Ван Дајк?!

Следното лето, приоритет за Реал Мадрид ќе биде доведување на врвен дефанзивец поради големите проблеми со одбраната. Милитао и Алаба се соочуваат со повреди во последните две сезони, што го мотивира клубот да ја засили својата дефанзивна линија. Најголемото засилување на списокот на „кралевите“ е Вирџил ван Дајк. Англиските медиуми пренесуваат дека Ван Дајк веќе постигнал договор со Реал Мадрид, а неговиот трансфер се очекува да биде потврден по Нова година. Договорот на Ван Дајк со Ливерпул истекува следното лето, што му отвора можност да замине како слободен агент и да ја продолжи кариерата во Мадрид. Реал Мадрид го следи овој развој со големо внимание, а со оглед на тоа што Ван Дајк не ставил потпис на нов договор со Ливерпул, клубот од Мадрид е подготвен да го донесе на „Сантијаго Бернабеу“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.