Мартинез: Ќе се пензионирам ако го освоиме СП 2026!

December 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мартинез: Ќе се пензионирам ако го освоиме СП 2026!

Голманот на Астон Вила и аргентинската репрезентација, Емилијано Мартинез, откри дека ќе се пензионира ако Аргентина го освои Светското првенство во 2026 година. По освојувањето на титулата во 2022 година, тој се надева дека ќе стане двократен шампион. „Дали има тим што освоил два светски првенства по ред? Двократен шампион. Ќе се пензионирам, ветувам. Денеска ви објавувам дека ќе се пензионирам. Ќе завршам по вториот последователен победнички Мундијал“, изјави Мартинез, најавувајќи го своето пензионирање во случај на нов успех.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.