December 21, 2024 | | Свет
Резултатската криза на Манчестер Сити се продлабочи по новата загуба на гостувањето против Астон Вила со 2-1, што го понизи актуелниот англиски првак и го доведе до шестото место на премиерлигашката табела. По овој неуспех, Ерлинг Халанд го презеде дел од одговорноста за лошите резултати на тимот. „Игравме со Астон Вила, тим што е многу квалитетен, но ние сме Манчестер Сити, актуелни шампиони на Англија. Очекувањата од нас се многу поголеми од она што го покажавме“, изјави Халанд. Тој призна дека не успеал да ги претвори шансите во голови и дека се чувствува како еден од главните виновници за кризата на својот тим. „Мораме добро да се погледнеме во очи. Знаете колку е важно да се има самодоверба во светот на фудбалот. На крајот, сите ние сме само луѓе и ова допира до нас. Мораме да останеме позитивни и да излеземе посилни“, додаде Халанд. И покрај тешката ситуација, Халанд е убеден дека Манчестер Сити ќе најде излез благодарение на Пеп Гвардиола. „Пеп ја има освоено титулата шест пати во последните седум години, и сигурен сум дека ќе најде решение и за оваа криза. Ние веруваме во нашиот тренер, но мораме да работиме уште понапорно, и на тренинзите и на натпреварите“, истакна тој.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |