December 23, 2024 | | Свет
Рафаел Лузан, новоизбраниот претседател на Шпанскиот фудбалски сојуз, минатата недела ја започна својата четиригодишна функција. Една од првите негови обврски беше да патува во Доха, каде што присуствуваше на финалето на Интерконтиненталниот куп помеѓу Реал Мадрид и Пачука. Во текот на престојот во Доха, Лузан откри дека навива за Реал Мадрид, што беше пренесено од шпанскиот весник „Sport“. Тој истакна дека е многу воодушевен од работата на претседателот на клубот, Флорентино Перез. „Ќе се обидам да се сретнам со претседателот Флорентино во Доха и во исто време да му се ставам целосно на располагање. Сите ние кои навиваме за Реал Мадрид сме презадоволни како се управува со овој клуб“, изјави Лузан. Лузан не ја криеше својата почит кон клубот, нарекувајќи го Реал Мадрид „најдобриот амбасадор на Шпанија во светот“. Тој исто така нагласи дека ќе се стреми да ја подобри соработката со клубовите и да ја развие шпанската фудбалска сцена. Сепак, новиот претседател на Фудбалскиот сојуз не е ослободен од контроверзии. Иако има четиригодишен мандат, Лузан чека исход од судски спор. Тој е осомничен за малверзации кога бил член на Советот на Понтаведре, а можноста за суспензија постои доколку судот одлучи поинаку.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |