Жозе Мурињо бил успешно опериран

December 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Жозе Мурињо бил успешно опериран

Жозе Мурињо, успешно беше опериран денеска во својата татковина, соопштија медиумите. На тренерот на Фенербахче му беше извршен хируршки зафат на жолчната ќеса, а по операцијата, тој се обрати на својот Инстаграм профил. „Им посакувам на сите среќни празнични денови. Нека ова време биде исполнето со љубов и среќа за вас и вашите семејства. За оние од вас кои изразија загриженост, можам да потврдам дека извештаите за мојата операција се преувеличени. Тоа беше само мала и брза интервенција, и јас ќе продолжам со тренинзите веќе првиот ден по паузата. Не сум пропуштил ниеден тренинг во последните 25 години и немам намера тоа да го сторам ни сега“, објави Мурињо. Тој го презеде Фенербахче минатото лето, а на зимската пауза се наоѓа на второто место, со осум бода помалку од лидерот Галатасарај.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.