Гвардиола: Ми треба тим со 45-50 фудбалери

December 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гвардиола: Ми треба тим со 45-50 фудбалери

Пеп Гвардиола веќе неколку месеци се наоѓа во огромен проблем откако Манчестер Сити по вторпат по ред доживеа три последователни порази. Формата на тимот е многу загрижувачка, особено ако се земе предвид дека во последните 11 натпревари на сите фронтови, „граѓаните“ забележаа девет порази. Гвардиола е јасен дека главната причина за оваа лоша форма на неговиот тим е огромната бројка на повреди. „Имаме повреди повеќе од било кога. Размислував дека можеби треба да имам екипа со 45 или 50 играчи, бидејќи помалку би било недоволно. Разбирам дека тоа би било скапо, но ако погледнете нашите обврски, ќе видите дека е потребно. Проблемот не е во лекарите или физиотерапевтите, туку во распоредот“, изјави Гвардиола. Тој го бранеше Ерлинг Халанд, откако некои медиуми го обвинија Норвежанецот за слабата голгетерска продуктивност. „Проблемот не е во еден играч, туку во целокупниот тим. Како што минатата сезона нашите успеси не зависеа само од Халанд, туку од целата екипа, така и сега не е вистина дека проблемот е во него. Прелесно е да се обвини еден фудбалер, но тоа едноставно не е точно“, нагласи тренерот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.