December 26, 2024 | | Свет
Според англиските медиуми, Вирџил ван Дајк наскоро ќе го продолжи својот договор со Ливерпул. Веќе е постигнат договор и сега останува само да се стави потпис. Новиот договор ќе трае до 2028 година, што значи дека Ван Дајк ќе помине една цела деценија на Енфилд, имајќи предвид дека пристигна во Ливерпул од Саутемптон во 2018. По истекот на овој договор, многу е веројатно дека холандскиот дефанзивец ќе се повлече од фудбалот, бидејќи тогаш ќе има 37 години. Откако пристигна во Ливерпул, Ван Дајк освои осум трофеи, меѓу кои и титули во англиското првенство и Лигата на Шампионите.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |