December 26, 2024 | | Свет
Елиф Елмас се наоѓа на излезна врата од Лајпциг, каде што не добива доволно шанси за игра. Оваа ситуација може да ја искористи турскиот гигант Фенербахче, клубот каде што Елмас ја започна својата кариера во странство по трансферот од Работнички. Неговиот пат кон европскиот фудбал започна во Турција, а по извонредните настапи се пресели во Наполи за 16 милиони евра. Подоцна, Елмас замина во Лајпциг, но во Германија не игра доволно, што ја создава можноста за трансфер. Според турските медиуми, Фенербахче испратил понуда за позајмица на македонскиот играч до крајот на сезоната. Лајпциг е отворен за разговори, но ќе чекаат понуди за целосен откуп на неговиот договор, пред да донесат одлука. Според информациите на „Bild“, Елмас преферира да се врати во Италија. Ако трансферот во Истанбул се оствари, Елмас ќе стане вториот Македонец кој ќе игра под водство на Жозе Мурињо, по Горан Пандев кој има успешен период со португалскиот стратег во Интер.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |