Гвардиола: Мора да купиме играчи во јануари!

December 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гвардиола: Мора да купиме играчи во јануари!

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го пофали настапот на својот тим против Евертон, опишувајќи го како „брилијантен“, иако резултатот не беше поволен за домаќините. „Граѓаните“ не успеаја да го остварат посакуваниот успех и понатаму се наоѓаат во серија на лоши резултати, забележувајќи само една победа во последните 13 натпревари во сите натпреварувања. „Игравме навистина добро. Сме во период кога создаваме многу шанси, но за жал, примаме гол при првата прилика на противникот. Настапот против овој тим беше добар како во офанзива, така и во дефанзива. Имавме многу шутеви од шеснаесетникот, но не успеавме да го постигнеме посакуваниот резултат. Резултатот, секако, не е добар, но нашето издание беше брилијантно. Првото полувреме беше брилијантно, а и првите петнаесетина минути од вториот дел беа многу добри, до моментот на пеналот.“ Тој додаде дека ако има потреба, Манчестер Сити ќе се обиде да донесе нови играчи во јануарскиот трансфер период. „Ако можеме, мора да донесеме играчи во ростерот во јануари... дефинитивно! Мислам дека дури и играчите се запрашаа... дали ќе можеме да донесеме нови играчи?“ изјави Гвардиола. По 18 одиграни кола во Премиер лигата, Манчестер Сити е на седмото место со 28 бода.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.