December 26, 2024 | | Свет
Елиф Елмас се наоѓа на прагот да ја заврши својата авантура во германскиот клуб Ред Бул Лајпциг, по неуспешниот обид да се наметне како клучен играч. Иако беше доведен како големо засилување, неговото влијание во тимот беше минимално, а сега изгледа дека ќе го напушти клубот. Според информациите на Спортспорт, Елмас е близу да се врати во Италија – земјата каде што ја постигна својата најголема фудбалска афирмација. Но, за разлика од неговото минато во Наполи, овојпат неговата нова дестинација ќе биде Фиорентина. Овој медиум тврди дека македонскиот репрезентативец ќе го продолжи своето патување во Фиорентина, но останува да се утврди под кои услови ќе се реализира трансферот. Дали ќе се работи за позајмица или Ред Бул Лајпциг ќе се одлучи да го продаде Елмас целосно, ќе се знае наскоро.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |