Конечно ВАР и во Македонија: Доаѓаат подобри денови за мак-фудбалот!

December 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Конечно ВАР и во Македонија: Доаѓаат подобри денови за мак-фудбалот!

Денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе први сигнали за воведување на ВАР-системот во македонскиот фудбал. Формирана е специјализирана комисија за имплементација на ВАР, која ќе работи на оваа задача во наредниот период. Во состав на комисијата се Дејан Јакимовски, Димитар Мечкаровски, Марјан Кировски, Горан Спиркоски, Јосип Бартон и Никола Караколев. Наредните месеци ќе бидат фокусирани на подготовка на кадарот, утврдување на принципите и деталите за воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Следниот важен чекор ќе биде лиценцирањето на стадионите и обезбедување на потребната продукциска опрема која ќе ги исполни строгите минимални услови за имплементација на ВАР. Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, на своето инаугурирање најави дека од следната сезона ВАР ќе биде вклучен во ПМФЛ. Македонија е една од ретките земји кои досега не го вовеле ВАР-системот во ниту една професионална лига.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.