Нова награда за Винисиус: Прогласен е за најдобар фудбалер за 2024 според „Глоуб Сокер“!
December 27, 2024 | Kristijan Trajchov |
Свет
Винисиус Жуниор, бразилската ѕвезда на Реал Мадрид, беше прогласен за најдобар светски фудбалер на изборот „Глоуб Сокер“. Во тесна конкуренција, тој го победи Родри од Манчестер Сити. Кај дамите, наградата ѝ припадна на Аитана Бонмати од Барселона.
На свечената церемонија беа доделени и други престижни награди за светските фудбалски ѕвезди. Кристијано Роналдо, кој игра во Ал-Наср, беше награден како најдобар играч од Блискиот исток.
Други добитници вклучуваа:
- Најдобар фудбалер: Винициус Жуниор (Реал Мадрид)
- Најдобар играч од средниот ред: Џуд Белингем (Реал Мадрид)
- Најдобар напаѓач: Винициус Жуниор (Реал Мадрид)
- Најдобра фудбалерка: Аитана Бонмати (Барселона)
- Најдобар машки клуб: Реал Мадрид
- Најдобар женски клуб: Барселона
- Најдобар тренер: Карло Анчелоти (Реал Мадрид)
- Најдобар млад талент: Ламин Јамал (Барселона)
- Најдобар фудбалски агент: Жорж Мендеш (Португалија)
- Најдобар спортски директор: Пјеро Аусилио (Интер)
- Најдобар тренер од Блискиот исток: Жорж Жезус
- Најдобар клуб од Блискиот исток: Ал-Аин
- Награда „Диего Армандо Марадона“: Џуд Белингем (Реал Мадрид)
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, доби признание за успешната фудбалска и менаџерска кариера, а беше наречен „најдобар претседател на сите времиња“. Покрај него, награди за животно достигнување добија и фудбалските легенди Алесандро Дел Пјеро, Нејмар и Тибо Куртоа.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.