December 27, 2024 | | Свет
Кристијано Роналдо изрази своето задоволство од изборот на најдобар фудбалер на годината на церемонијата „Глоуб Сокер Авордс“, каде Винисиус Жуниор ја доби оваа награда. Според Роналдо, овој избор бил многу пореален во споредба со другите награди, како што е „Златната топка“, која тој ја критикуваше. Португалецот истакна дека не било фер што Родри ја освоил „Златната топка“ пред Винисиус, кој ја освои Лигата на шампиони и постигна гол во финалето. Според него, кога некој ја заслужува наградата, тој треба да ја добие, и тој смета дека Винисиус ја заслужил. „Не беше фер што му се случи тоа. Винисиус ја заслужи „Златната топка“ и ова го кажувам јавно“, додаде Роналдо. Тој ја упати пораката од Дубаи, каде вечерта се одржа церемонијата на која беа избрани најдобрите фудбалери. „Секогаш ги сакам „Глоуб Сокер Авордс“, бидејќи изборот е чесен. Добро знаеме што прават другите организации“, додаде Роналдо. И покрај тоа што беа соиграчи со Лука Модриќ, тој смета дека неправедно бил „ограбен“, кога наградата ја доби Хрватот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |