Има причина зошто Реал и Германија не сакаат Крос да се пензионира!

June 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Има причина зошто Реал и Германија не сакаат Крос да се пензионира!

Германија вчера ја совлада Шкотска со 5-1 во натпреварот кој го отвори ова издание на Европското првенство. За Германија стрелаа Вирц, Мусиала, Хаверц, Филкруг и Емре Џан а Ридигер ја „почасти“ Шкотска со еден автогол. Исто така, искусните Гундоган и Крос беа фантастични и го диктираа темпото. Но, конкретно кога станува збор за Тони Крос, произлезе една статистика која покажа колку е тој неверојатен. Имено, Крос одигра 80 минути вчера и додека беше на теренот, имаше 102 додавања од кои погрешил само едно што е ефикасност од 99 отсто. Кроос стана првиот фудбалер, откако се води ваква статистика од 1980 година, кој постигнал толку висок процент на точни додавања со над 100 обиди во рамките на еден натпревар на Европско првенство. Тој најави дека оваа сезона е последна за него во кариерата.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.