December 28, 2024 | | Свет
Барселона се наоѓа во фокусот на вниманието повторно, но овој пат проблемот не се однесува на теренот, туку зад сцената поради регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор. Претседателот Жоан Лапорта и неговиот тим работат под огромен притисок, а според извори блиски до клубот, се разгледуваат различни стратегии за решавање на ситуацијата. Некои од водечките фигури на клубот дури се подготвени да вложат сопствени средства за да ја осигураат регистрацијата на Дани Олмо, нешто што беше направено и при регистрацијата на Жил Кунде каде самите луѓе од управата дадоа гаранции од свој џеб. Минатото лето Барселона доби привремена дозвола од Ла Лига за регистрацијата на Олмо, со ветување дека историскиот договор со „Најк“ ќе ги реши проблемите на долг рок. Но, Ла Лига повторно ги измени правилата, оставајќи го клубот без решение во пресрет на крајниот рок. Ова сценарио предизвикува вознемиреност кај навивачите и поставува сериозни прашања за управувањето со клубот. Се добива впечаток дека Ла Лига ги менува правилата само за да им наштети на Каталонците. Барселона размислува да продаде ВИП седишта на „Камп Ноу“ преку долгогодишни договори, со што би се собрале потребните средства за регистрацијата на Олмо. Клубот планира и нова жалба до Ла Лига, тврдејќи дека промената на правилата е неправедна и против претходните договори. Доколку Барселона не успее да ја заврши регистрацијата на Олмо навреме, тој ќе стане слободен играч на 1 јануари, што сигурно ќе предизвика интерес од голем број европски гиганти. Најзаинтересирани се двата клуба од Манчестер, Сити и Јунајтед. И покрај хаосот, Олмо останува фокусиран и професионален, а неговите агенти се во постојан контакт со клубот, уверени дека ќе се најде решение.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |