Артета: Целта ни е да бидеме прво место

December 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Артета: Целта ни е да бидеме прво место

Микел Артета, менаџерот на Арсенал, ја потврди посветеноста на својот тим во борбата за шампионската титула. „Топџиите“ славеа минимална победа од 1-0 против Ипсвич, што ја намали разликата на лидерот Ливерпул на само шест бода, иако Арсенал има одиграно еден натпревар повеќе. „Тимот покажа голема контрола во првото полувреме, но не успеавме да постигнеме повеќе од еден гол. Во второто полувреме не започнавме најдобро, но треба да им оддадеме признание на противниците, кои беа многу добро организирани и тешко беше да ги пробиеме. Со оглед на сите потешкотии, како што се црвените картони и повредите, не можеме да се жалиме на нашата позиција. Сепак, не сме таму каде што сакаме да бидеме. Нашата конечна цел е да бидеме на врвот“, изјави Артета. Во следните два натпревари од Премиер лигата, тимот ќе гостува кај Брентфорд и Брајтон, а овие пресметки ќе бидат од пресудно значење за нивните амбиции да се борат за титулата. Иако засега Ливерпул делува незапирливо, Арсенал ќе се бори до крај.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.