Аморим се плаши за своето место во Јунајтед: Знам каква е реалноста

December 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Аморим се плаши за своето место во Јунајтед: Знам каква е реалноста

Манчестер Јунајтед и понатаму продолжува со лошите резултати. И покрај доаѓањето на Рубен Аморим на „Олд Трафорд“, „црвените ѓаволи“ се соочуваат со серија од три порази од Тотенхем, Борнмут и Вулверхемптон. Пред нив се три тешки натпревари против Њукасл, Ливерпул и Арсенал, што го става Аморим под се поголем притисок, иако е на функцијата од ноември и иако е рано да се носат било какви заклуоци за неговата тренерска кариера во Јунајтед. „Никогаш не е удобно да бидеш менаџер на Манчестер Јунајтед, без разлика на се. Знам дека ако не победиме, без разлика дали ќе активираат клаузула за мене или не, секој менаџер е во опасност. Тоа е нешто што ми се допаѓа, бидејќи така функционира оваа работа“, изјави Аморим, кој е свесен за реалноста со која се соочува. „Може да се дебатира дека сум тука само еден месец и имав само четири тренинзи, но факт е дека не победуваме, и тоа е реалноста што ја разбирам“, додаде Португалецот. Тој истакна дека процесот ќе бара време и дека идеите што ги носи ќе се развиваат постојано. „Ова ќе биде тежок период и ние сме далеку од крајот. Мораме да продолжиме и да се фокусираме на следниот натпревар. Немам поим колку време ќе ми биде потребно, но треба да се движиме ден за ден“, рече Аморим, додавајќи дека продолжува со напорната работа. „Подобрувањето ќе дојде со време. Работиме на гледање видеа, искористување на секоја минута на тренинг и обид за освојување бодови. Во овој момент, тоа е најважното“, заклучи стратегот на Манчестер Јунајтед.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.