December 29, 2024 | | Свет
Јувентус не успеа да ја задржи предноста против Фиорентина и мораше да се задоволи со реми од 2-2, иако двапати беше во водство. Гостите постигнаа израмнувачки гол во самата завршница на натпреварот. Кефран Турам вечерва го запиша својот прв гол во дресот на „старата дама“ и дополнително успеа да додаде уште еден, но неговиот одличен настап не беше доволен за победа. Французинот го отвори резултатот во 20. минута со впечатлив соло потег, започнувајќи акција од 40 метри и прецизно пласирајќи ја топката по земја за 1-0. Фиорентина израмни преку Моизе Кин во 38. минута, кој погоди со глава, но одби да го слави голот пред домашната публика. На почетокот од второто полувреме, Турам повторно ја врати предноста за Јувентус со маестрален индивидуален потег, надминувајќи двајца противници и реализирајќи за 2-1. Сепак, во 87. минута, Камбијасо направи грешка губејќи ја топката во опасна зона, што ѝ овозможи на Фиорентина преку Сотил да израмни на конечни 2-2.
🚨🇮🇹 GOAL | Juventus 2-2 Fiorentina | Riccardo Sottil RICCARDO SOTTIL HAS EQUALIZED IN THE 87TH MINUTE FOR FIORENTINA!pic.twitter.com/pAuRtmxaew
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) December 29, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |