December 29, 2024 | | Свет
Динамо Загреб донесе одлука да го отпушти Ненад Бјелица и да го назначи Фабио Канаваро како нов предводник на тимот. Слично на својот ривал Хајдук, кој на тренерската позиција го има Џенаро Гатузо, Динамо исто така се реши за италијански стручњак. Вечерва клубот официјално го потврди Канаваро како нов тренер. Уште утрово, Фабрицио Романо објави дека Канаваро е главниот кандидат за тренерската позиција во Динамо, а вечерва оваа информација доби и формална потврда. Моментално, Динамо е на третото место во хрватското првенство со освоени 29 бодови, што е седум помалку од водечките Риека и Хајдук Сплит, по 18 одиграни натпревари.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |