Импресивно: Над 30.000 навивачи на тренинг по убедливата победа над ривалот! (ВИДЕО)

December 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Импресивно: Над 30.000 навивачи на тренинг по убедливата победа над ривалот! (ВИДЕО)

Позитивата на денот доаѓа од Порто. Вчера, во градското дерби, некогашниот двократен европски шампион со убедливи 4:0 го совлада својот градски ривал Боависта. Ден подоцна, тренингот на „Драгао“ се претвори во вистинска фешта. На трибините на славниот стадион се собраа дури 32.185 навивачи, кои дојдоа да ја поддржат екипата и да ја споделат радоста по големата победа. Ова е пример за вистинска поддршка и љубов кон клубот – фанови какви што секој тим би посакал. Тренингот на Порто се претвори во неверојатна журка, со атмосфера која ја отсликуваше страста на навивачите. Вакви моменти заслужуваат само пофалби. Погледнете го видеото и уживајте во оваа спектакуларна сцена!

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.