December 30, 2024 | | Свет
Хорхе Мендеш, познатиот португалски суперагент, успешно менаџираше кариери на многу фудбалски ѕвезди, а сега своето внимание го насочува кон еден од најголемите таленти во светскиот фудбал. Мендеш е агент на Ламин Јамал, младата ѕвезда на Барселона, и изрази уверување дека тој е предодреден да стане лидер во светскиот фудбал. Во интервју за Mundo Deportivo, Мендеш ги увери навивачите на Барселона дека нема причина за загриженост, и покрај тоа што договорот на Јамал истекува во 2026 година. „Јамал има сè што е потребно за да стане број еден во светскиот фудбал. Тој треба да ги следи примерите на легендите како Роналдо и Меси, кои и на 40 години се на највисоко ниво. Ламин го има талентот и потенцијалот за да остане на врвот многу години“, изјави Мендеш. Тој додаде дека иднината на Јамал е цврсто поврзана со Барселона. „Ламин е и ќе остане играч на Барселона. Навивачите можат да бидат спокојни – светскиот број еден ќе биде нивен фудбалер уште долго време. Новиот договор ќе биде потпишан многу скоро“, рече Мендеш.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |