Александер-Арнолд го прослави голот на специфичен начин – што се крие зад гестот?

December 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Александер-Арнолд го прослави голот на специфичен начин – што се крие зад гестот?

Трент Александер-Арнолд повторно е во центарот на вниманието поради необичната прослава на неговиот гол против Вест Хем, што многумина ја протолкуваа како одговор на гласините за негов премин во Реал Мадрид. Со месеци наназад, десниот бек на Ливерпул се поврзува со трансфер во шпанскиот гигант, каде што би се приклучил на својот добар пријател Џуд Белингем. Дури и шпанските медиуми Marca и AS неодамна тврдеа дека Англичанецот постигнал договор со „кралевите“ и дека веќе го информирал Ливерпул за својата одлука. Сепак, вчерашната прослава на голот од страна на Александер-Арнолд покрена нови толкувања. Тој ја стави раката до увото и правеше гестови како да слуша некого што зборува, што многумина го видоа како негова порака до медиумите дека гласините за трансфер се неосновани и нема вистина во тоа. Александер-Арнолд претходно изјави дека секогаш дискретно ги води преговорите со Ливерпул и дека секогаш јавно ќе ги сподели важните информации доколку има нешто официјално за објавување. Неговиот гест можеби беше само уште еден потсетник на тоа. Ова може да значи дека ништо не е готово помеѓу него и Ливерпул и дека преговорите продолжуваат.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.