Заинтересирани за Елмас се и германските гиганти!

December 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Заинтересирани за Елмас се и германските гиганти!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас повторно е во центарот на трансфер шпекулациите, овојпат со можност да остане во Германија, иако досега беше поврзуван со клубови од Турција и Италија. Според информации од германскиот Bild, неколку тимови од врвот на Бундеслигата (Баерн Минхен, Баер Леверкузен, Ајнтрахт Франкфурт, Мајнц и Борусија Дортмунд), веќе воспоставиле контакт со РБ Лајпциг за потенцијален трансфер на Елмас. Причината за неговото можно заминување лежи во фактот што Елмас не се вклопува во тактичкиот систем на тренерот Марко Розе. Македонскиот играч сезонава има само 22 настапи, главно како замена, и само двапати бил стартер. Да потсетиме, РБ Лајпциг го доведе Елмас од Наполи за сума од 24 милиони евра, со договор кој важи до 2028 година. Останува да се види дали и каде ќе продолжи кариерата на овој талентиран фудбалер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.