December 30, 2024 | | Македонија
Доскорашниот фудбалер на Локо Софија Диме Димов кој по потекло е од Радовиш „рипна во тавче“ и ја запроси својата девојка Ана Ристовска со кого година и пол е заедно. Димов реши да клекне пред највисоката зграда на светот Бурџ Калифа во Дубаи. „Таа кажа ДА! Засекогаш заедно“, напиша Димов на социјалните мрежи. Воедно, во наредните денови се очекува Димов да го потврди и својот нареден клуб. Во Локо Софија дојде од редовите на Академија Пандев, сегашна Брера. За една и пол година во Локо Софија, Димов забележа 56 настапи постигнувајќи еден гол. Во својата богата кариера Димов има настапувано и за Хоризонт Турново, Гостивар, Кожуф и Металург.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |