Ливерпул одбил понуда од Реал Мадрид за Трент!

December 31, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул одбил понуда од Реал Мадрид за Трент!

Според информациите на Фабрицио Романо, Ливерпул одбил понуда од Реал Мадрид за трансфер на Трент Александер-Арнолд во јануари. Договорот на десниот бек истекува во јуни 2025 година, но Ливерпул планира да го задржи барем до крајот на сезоната. Италијанскиот новинар додава дека Реал продолжува да работи на негов потпис и се оптимисти дека тој ќе се одлучи да премине во Шпанија. Засега не се откриваат детали во однос на тоа дали Арнолд има желба за да го продолжи договорот со Ливерпул. Претходно беше објавено дека тој има понуда на маса и дека се преговара, но последните информации говорат дека се големи шансите тој да потпише за Реал Мадрид.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.