Консеисао: Не можев да го одбијам Милан

December 31, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Консеисао: Не можев да го одбијам Милан

Сержо Консеисао потпиша договор со Милан кој ќе трае до крајот на јуни 2026 година, заменувајќи го својот сонародник Пауло Фонсека на тренерската позиција. Милан моментално се наоѓа на осмото место во Серија А, додека во Лигата на шампионите е на 12. позиција со четири победи и два порази. „Сè се случи многу брзо со Милан, и едноставно не можев да одбијам понуда од еден од најголемите клубови во светот. Тренерската работа носи многу стрес, а морам да признаам дека тоа веќе го почувствував во Милано. Но, тоа е нормално, не барам ништо поинаку. Ќе имаме време за разговори околу деталите, промената на системот, динамиката и другите аспекти,“ изјави Консеисао, кој последен пат беше тренер на Порто, каде работеше од 2017 до оваа година. Првиот натпревар на Консеисао како тренер на Милан ќе биде дербито против Јувентус, закажано за 3 јануари.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.