Се огласи Олмо по проблемот со регистрацијата (ФОТО)

January 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Се огласи Олмо по проблемот со регистрацијата (ФОТО)

Дани Олмо се соочува со незгодна ситуација во Барселона. Вчера му истече неговата регистрација во Ла Лига откако беше само привремено регистриран. Барселона имаше рок да ги реши финансиските несогласувања со Ла Лига до полноќ, но откако клубот не успеа да обезбеди соодветна гаранција за прилив на дополнителни средства, Ла Лига го одби барањето на претседателот Жоан Лапорта. Утрово, Дани Олмо и Пау Виктор беа официјално тргнати од списокот на регистрирани играчи на клубот. Сепак, се очекува решавање на ситуацијата во наредните денови. Барселона останува оптимистична дека наскоро ќе го реши овој проблем и ќе успее повторно да ги регистрира. Каталонскиот клуб веќе испратил барање до шпанската Фудбалска Федерација за издавање специјална лиценца што би им овозможила да ги задржат играчите. Иако досегашните обиди на Лапорта изгледаат неуспешни, Дани Олмо продолжува да верува во претседателот и во клубот. Во својата прва објава на социјалните мрежи во новата 2025 година, Олмо покажа дека останува посветен на Барселона, ставајќи две срца во боите на клубот, што јасно укажува дека сè уште ја гледа својата иднина на „Камп Ноу“. „Време е за 2025 година...“ – напиша Олмо во објавата, оставајќи простор за надеж кај навивачите.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.