Компјутерот сигурен: Ливерпул ќе биде шампион!

January 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Компјутерот сигурен: Ливерпул ќе биде шампион!

Според аналитичката платформа Opta, шампионот во англиската Премиер лига веќе може да се предвиди. Ливерпул, под водство на новиот менаџер Арне Слот, прикажува импресивна форма и резултати, што ги прави главни фаворити за титулата. Тимот од „Енфилд“ е на врвот на табелата со 45 бодови, шест повеќе од второпласираниот Арсенал, а имаат и еден натпревар помалку. Opta им дава огромна предност, предвидувајќи 89.9 проценти шанса да ја освојат титулата. Арсенал се смета за единствениот сериозен конкурент на Ливерпул, со 9.5 проценти шанса за успех. Останатите тимови се далеку од трката за трофејот. Челси, кој е трет според прогнозите, има само 0.5 проценти шанса, додека актуелниот шампион Манчестер Сити, поради слабите резултати и големото заостанување, е сведено на минимални 0.2 проценти. Интересно, Нотингем Форест, кој моментално е трет на табелата со осум бодови помалку од Ливерпул и натпревар помалку нема никакви шанси да приреди изненадување и да стане шампион.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.