January 3, 2025 | | Свет
Според информациите на RAC1, Барселона конечно ќе се врати на 1:1 финансиското правило кое означува дека клубот се враќа во финансиска нормала и ќе може без проблем да купува и регистрира играчи. Тие добиле одобрение од Ла Лига за регистрација на Дани Олмо и Пау Виктор, а сега се чека само одобрение од шпанската фудбалска федерација. Барселона беше приморана да изнајми одреден број на ВИП седишта на новиот Камп Ноу се со цел да дојде до приход со кој ќе може да се врати во финансиска нормала и ќе може да ги регистрира овие двајца фудбалери. Барселона ќе добие вкупно 100 милиони евра за оваа зделка. Катaрската компанија целосно го исплати износот од 30 милиони евра. Компанијата од Дубаи ќе исплати вкупно 70 милиони евра, но моментално клубот ќе добие 40% од таа сума, односно околу 28 милиони евра. Остатокот ќе биде исплатен во идниот период. Најважно во целата ситуација е тоа што клубот, во текот на наредните 20 години, од секое изнајмено седиште ќе инкасира по 25.000 евра годишно, додека арапските инвеститори ќе добиваат процент од вкупната добивка и ќе можат да располагаат со тие седишта, пренесува новинарот Сержи Соле од Mundo Deportivo.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |