Откриен разговорот од ВАР-собата: Познато како беше исклучен Винисиус

January 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Откриен разговорот од ВАР-собата: Познато како беше исклучен Винисиус

Винисиус Жуниор беше исклучен од натпреварот меѓу Реал Мадрид и Валенсија откако го удри македонскиот голман Столе Димитриевски во лицето. Инцидентот се случи во 79. минута од дуелот, додека Валенсија водеше со 1-0 и се обидуваше да ја задржи предноста. Винисиус, во обид да израмни, падна во казнениот простор, што предизвика вербален конфликт со Димитриевски. Македонскиот голман го удри Бразилецот по грбот, а Винисиус реагираше агресивно и го удри во лицето. Димитриевски падна на тревата, по што судијата реши да го консултира ВАР-системот. ВАР-собата го информираше главниот судија за агресивниот потег на Винисиус. Откако прегледа снимка, судијата покажа директен црвен картон на Бразилецот, кој беше исклучен од натпреварот. Сега беше откриено и како се одвивал разговорот во ВАР-собата. ВАР: "Цезар (главниот судија), сакаме да ти препорачаме да ја прегледаш снимката заради насилен потег. Ќе го видиш моментот прво на 50% брзина, а потоа како што течеше, во нормален тек“ Судијата: "Во ред, покажете ми ја снимката" ВАР: "Еве ја на 50%. Еве и на 20%?" Судијата: "Точно е, така што ќе покажам црвен картон. Топката е надвор од теренот, така?" ВАР: "Точно". Судијата: "Заради удар врз голманот со две раце во лицето, број 7, црвен картон" ВАР: "Одлично"

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.