January 4, 2025 | | Свет
Тиаго Мота, тренерот на Јувентус, го изрази своето разочарување по поразот од Милан во полуфиналето на италијанскиот Суперкуп. Тимот од Торино не успеа да го задржи водството во второто полувреме и да се пласира во финалето, што, според Мота, е резултат на недостаток на карактер. „Овој пораз е многу тежок за нас бидејќи нашата цел беше финалето. Во првото полувреме не одигравме на нивото што го посакуваме, а во второто полувреме пропуштивме неколку шанси кои можеа да го решат натпреварот. Милан не направи многу, но ние им дозволивме да не победат“, изјави Мота. Тој објасни дека секоја одлука што ја донесува за време на натпреварите е насочена кон доброто на тимот. „Лесно е да се коментира дали моите промени биле соодветни или не’’, рече тој. Мота истакна дека тимот ја контролирал играта во голем дел од натпреварот: „Имавме контрола над ситуацијата околу 70 минути, но потоа паднавме. Не реагиравме соодветно по првиот негативен момент, што е доказ за недоволна ментална цврстина.“ Тој заврши со зборови на жалење. „Не сме задоволни од тоа што се случи. Разочарувачки е што не ги искористивме нашите шанси и што не успеавме да ја затвориме играта кога имавме можност’’, објаснува Мота.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |